Колоректалниот карцином е малигнитет на дебелото црево и / или ректумот. Со исклучок на кожните карциноми, карциномот на дебелото црево е третиот најчест дијагностициран рак кај мажите и кај жените во САД. Американското Здружение за Рак објави дека околу 112.000 нови случаи на рак на колонот (55.000 мажи и 57.000 жени) и 41.500 нови случаи на рак на ректумот (24.000 мажи и 17.500 жени) биле дијагностицирани во 2007 година. Колоректалниот карцином е втора водечка причина за смрт поврзана со рак во САД со околу 52.000 смртни случаи (26.000 мажи и 26.000 жени) во 2008 година.
Колоректалниот карцином се јавува во последните 1,8 метри од цревата, познати како дебело црево, и / или во ректумот, каде што завршува дебелото црево и изметот го напушта телото. Поголемиот дел од малигните заболувања кои се јавуваат кај колоректалниот рак се нарекуваат аденокарциноми. Кога некоја индивидуа развива колоректален аденокарцином, малигните клетки на ракот растат во внатрешноста на дебелото црево и / или ректумот. Големи кластери на овие клетки формираат структури познати како тумори.
Причини и ризик фактори
Точната причина за колоректален карцином не е позната. Сепак, постојат голем број на познати фактори на ризик кои ги зголемуваат шансите за развој на болеста. Тие вклучуваат:
- Фамилијарна историја. Индивидуи кои имаат еден или повеќе блиски роднини, кои биле дијагностицирани со колоректален карцином може да се изложени на зголемен ризик за оваа болест. Во 2003 година, истражувањата покажале дека околу 5% од пациентите со колоректален карцином ги наследиле синдромите.
- Историја на болест на цревата и / или полипи на дебелото црево. Одредени видови на полипи на дебелото црево, кои се слични на тумор, бенигни израстоци на ткивото во рамките на дебелото црево, може да претставуваат рано предупредување или предвесник на колоректален карцином. Тие може да се развијат во малигноми подоцна во животот. Болестите на дебелото црево кои предизвикуваат воспаление и иритација на цревата, како што е Кроновата болест и воспалителната болест на цревата, исто така може да го зголемат ризикот на поединецот за развивање на колоректален малигнитет.
- Дебелина. Дебелите поединци, особено оние со тип на тело во облик на јаболко (каде што е концентрирано масното ткиво околу половината), спротивно на крушовидно тело (каде се складираат маснотиите на колковите и бутовите), се со зголемен ризик за колоректален карцином. Масната исхрана исто така ја зголемува шансата на поединецот за развој на колоректален карцином.
- Возраст. Поединци над 50-годишна возраст се со зголемен ризик за колоректален карцином.
- Седентарен начин на живот. Умерено вежбање се мисли дека има превентивен ефект против ракот.
- Ноќна работа. Студија од 2003 година покажа дека работата во ноќна смена, всушност може да го зголеми ризикот од колоректален рак кај жените. Изложеноста на светлина навечер го потиснува природното производство на мелатонин во телото, хормон кој помага да се спречи размножувањето на некои видови рак на цревата.
Симптоми
Симптоми на колоректалниот карцином се:
– крв на ректумот или во столицата
– чувство на фекална итност (чувство како да се има постојано движење на дебелото црево)
– болки во стомакот и / или желудникот
– рромени во навиките на дебелото црево, вклучувајќи запек, дијареа и / или столици тенки како молив
– екстремен умор
– намален апетит
Превенција
Правилната исхрана и вежбање помогнуваат во спречување на многу видови на рак, вклучувајќи го колоректалниот карцином. Истражувањето објавено во 2003 година ги потврди благодетите од физичката активност за намалување на ризикот на канцер на дебелото црево и ректумот. Добро балансирана исхрана составена од најмалку пет порции од овошје и зеленчук и шест порции храна од други растителни извори (на пример, житни култури, житарици, тестенини) се препорачува од страна на Американското Здружение за Рак. Голем број на овошје и зеленчук се покажаа дека имаат антиоксидативни карактеристики и можат да бидат корисни во превенција против ракот. Ова вклучува каротеноиди, кои се наоѓаат во овошните пигменти; флавоноиди, кои можат да се најдат во растителните пигменти и особено ликопен, кој се наоѓа во сокот од домати.
Некои клинички студии, исто така, покажале дека редовната употребата на зелен чај (произведен од Camellia sinensis растенијата) може да го намали ризикот од одредени видови на рак, вклучувајќи ги и колоректалниот карцином. Зелениот чај содржи полифеноли, антиоксидантна супстанција која, исто така, може да го инхибира растот на постоечките клетки на ракот. Во некои
испитувања врз животни, инјекции на екстракти од чај ја намалиле големина на канцерогените тумори. Антиоксидантните ефектите од зелениот чај треба да се проучат и понатаму за појасно да се дефинира улогата на билката во третманот на ракот и превенцијата.
Бидејќи раното откривање е толку критично за бадминување на колоректалниот карцином, пациентите кои имаат ризик за оваа болест кој се должи на генетски, животен стил или на фактори од животната средина, треба да се подложат на редовни скрининг методи по 50-годишна возраст (веројатно и пред тоа, во зависност од личната и медицинската историјата на поединецот). Американското Здружение за Рак. ги препорачува следните скрининг тестови:
– годишно FOBT (тест на окултно крварење во фецесот) плус флексибилна сигмоидоскопија на секои пет години, или
– колоноскопија на секои 10 години, или
– двојно-контрастна бариумска клизма секои 5 до 10 години.
Дигиталниот ректален преглед исто така, се препорачува во текот на секој скрининг.